Достапни линкови

Врз позиции на ИД фрлени 5 илјади бомби


Коалицијата на земји предводена од САД фрлила речиси 5 илјади бомби врз позиции на милитантната група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија. Американскиот департмент за одбрана соопшти дека во воздушните напади се оштетени или уништени повеќе од 3 илјади цели на ИД. Според Пентагон, американските и сојузничките авиони погодиле 58 тенкови, 303 пикап камиони, 26 оклопни и 394 други возила од почетокот на нападите на коалицијата во август. Повеќето од тие возила борците на ИД ги одзеле од ирачката армија за време на експанзијата на оваа група во северен Ирак во минатото лето.

Американски воени претставници соопштија дека со воздушните напади е запрено напредувањето на ИД во Ирак и прекината е нивната мрежа за сурова нафта.

XS
SM
MD
LG