Достапни линкови

logo-print

ЕУ во 2015 во трка со пречки


Изборите во Грција, санкциите против Русија и најавениот британски референдум за излегување од ЕУ, се најголемите пречки со кои 28-члената Унија ќе се соочи годинава.

Претстојните избори во Грција може да предизвикаат нова должничка криза. Само што се помисли дека кризата помина, Новата година почнува со грубо будење, анализира дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел, Рикард Јозвиак.

Големи потреси се очекуваат во јуни годинава, кога на ред ќе дојде обновувањето на економските санкции кои влијаат на руските банки и на енергетскиот сектор. Оваа одлука мора да биде донесена едногласно од страна на сите 28 земји-членки, но голем број европски земји, од различни причини, немаат волја за обнова на санкциите против Русија.

По трите неуспешни обиди за избор на претседател во грчкиот парламент минатиот месец, премиерот Андонис Самарас беше принуден да распише предвремени избори за 25 јануари, кои отвораат врата за можна нова економска криза.

Популистичката левичарски ориентирана партија Сириза има за три проценти повисок рејтинг од Нова демократија на Самарас. Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас ветува дека ќе ги зголеми платите, бројот на работни места во државните претпријатија и дека ќе ги убеди одговорните во еврозоната да ѝ го отпишат долгот на Грција. Секое од овие ветувања, пак, е во директна спротивност со условите за меѓународната помош која ја запре кризата во 2009 година.

Пред одржувањето на референдумот, Камерон планира нови преговои за условите на британското членство во ЕУ, кое ги вклучува барањата на Лондон за ограничување на приливот на работна сила од земјите-членки. Тоа, пак, би значело макотрпен процес за промена на договорот за слободниот пазар на труд во рамките на ЕУ, а секоја таква промена удира по темелите на ЕУ и на нејзината идеја.

Тие исто така можат да ја натераат земјата да излезе од еврозоната, уште повеќе што Сириза е под силно руско влијание од самото основање на оваа партија. Ако се случи тоа, другите нестабилни членки на ЕУ може да го следат грчкиот пример, па еврото би можело да дојде под голем притисок или потполно да ослабне. Впрочем, во изминатите денови курсот на еврото е најнизок во однос на американскиот долар во последните пет години.

Друго прашање кое ги компликува односите во ЕУ се руските санкции. Како ретко која друга тема, обновувањето на казната против Русија за анексијата на Крим и за мешањето во конфликтот во источна Украина, може потполно да ја подели Унијата. Русија од своја страна ќе направи сè што е можно поделбите да се засилат.

Првата група санкции кои стигнуваат на „обнова“ во март се замрзнување на имотот на поединци и неиздавањето визи. Со оглед дека се работи за сепаратисти и ниско рангирани членови на Думата, работата ќе биде завршена без поголеми проблеми.

Големи потреси се очекуваат во јуни годинава, кога на ред ќе дојде обновувањето на економските санкции кои влијаат на руските банки и на енергетскиот сектор. Оваа одлука мора да биде донесена едногласно од страна на сите 28 земји-членки, но голем број европски земји, од различни причини, немаат волја за обнова на санкциите против Русија.

Државите од југот своето несогласување ќе го аргументираат со фактот дека им е потребен поголем пристап кон рускиот пазар. Оние од Источна Европа може да истапат со податокот дека руските контра-санкции за забрана на увоз на земјоделски производи од ЕУ, им нанеле големи економски штети.

Летоска во Брисел од разни страни би можело да се чуе дека постои сериозна опасност од економски крах на Русија, а сето тоа се аргументи кои одат во прилог на необновување на санкциите против Москва.

Третиот, но никако и најмал проблем на ЕУ во 2015 година, е Велика Британија. Оваа островска држава веќе некое време се оддалечува од јадрото на ЕУ. Претстојните избори закажани за 7 мај може да значат почеток на крајот на британското членство во Унијата или во најмала рака може да покренат уште една макотрпна и долготрајна рунда преговори за договорот со ЕУ.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вети референдум за членството на земјата во ЕУ, ако неговата Конзервативна партија победи на изборите.

Моментно анкетите покажуваат дека шансите за останување на власт му се добри, а и резултатите на референдумот би можело да бидат слични.

Камерон прво рече дека референдумот ќе се одржи пред крајот на 2017 година, но од тогаш неколку пати напомена дека би можел да се организира и порано. Сè погласни се медиумските шпекулации дека многу евроскептичната Независна британска парија би можела да стане помал партнер во конзервативната влада на земјата.

Пред одржувањето на референдумот, Камерон планира нови преговои за условите на британското членство во ЕУ, кое ги вклучува барањата на Лондон за ограничување на приливот на работна сила од земјите-членки. Тоа, пак, би значело макотрпен процес за промена на договорот за слободниот пазар на труд во рамките на ЕУ, а секоја таква промена удира по темелите на ЕУ и на нејзината идеја.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG