Достапни линкови

Демократијата се поврзува со економската благосостојба


Анкета на МЦЕО покажува дека луѓето не ја сфаќаат баш суштината на демократија, туку ја поврзуваат со економската благосостојба.

Колку граѓаните сакаат демократија толку и не сакаат, покажува истражувањето на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) со наслов „Политичката култура, европеизацијата и стравовите во Македонија. Од друга страна и оние што одговориле дека демократијата е добра се чини дека не ја сфаќаат нејзината суштина, туку ја поврзуваат со економската благосостојба.

На луѓето кај нас доста им значи улогата на државата во обезбедување на услуги, оној социјален момент, значи за да има демократија треба да сум економски сигурен, знаеме дека еден куп режими во светот се мошне економски сигурни, испорачуваат услуги, а се длабоко недемократски.

Бојан Маричиќ од Центарот вели дека се уште висок процент на граѓаните сметаат дека од демократијата нема подобар систем.

„Демократскиот систем има проблеми, но е подобар од кој било друг систем, 46 проценти од граѓаните се согласуваат, сепак тој демократски систем е подобар од било кој друг систем, иако бројот на неутралните и оние кои не се согласуваат не е за потценување, значи тоа кажува дека имам многу висок процент на оние коиверуваат во демократија, некаде околу 30 отсто отворено не се согласуваат и 26 кои се колебаат“, вели тој.

Не разбраа дека политиката не се исцрпува со гласање за различни политички опции, туку со постојана континуирана на тој што ќе дојде на власт и постојана континуирана партиципација, учество, влијание на граѓаните врз се што им се случува во животот.

Во земјава само 10 отсто од граѓаните се силни демократи, 64 проценти се демократи, а нешто повеќе од 10 проценти се автократи, додека 15 проценти се неодредени.

Скалата за односот меѓу демократи и автократи во Европа покажува дека најмногу силни демократи има во Шведска – 61 отсто, , а најмногу автократи има во Русија – 16,4 отсто.

На прашањето кои држави според граѓаните се најдемократски, тие ги посочуваат Скандинавските земји, Западна Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд.

На прашањето што треба да има во една земја, за таа да биде демократска, нешто над 20 проценти одговориле да има владеење на правото и да постојат институции, исто толкав процент се изјасниле дека за да има демократија треба да има вработување, потоа следуваат слобода на говор, отсуство на страв, човекови права, економска сигурност, околу 9 проценти кажале дека треба да има независни медиуми, да се слуша гласот на граѓаните, да има единство, да има средна класа.

„На луѓето кај нас доста им значи улогата на државата во обезбедување на услуги, оној социјален момент, значи за да има демократија треба да сум економски сигурен, знаеме дека еден куп режими во светот се мошне економски сигурни, испорачуваат услуги, а се длабоко недемократски во онаа смислам во која ние ја сфаќаме демократијата“, вели Љупчо Петковски од МЦЕО.

На прашањето пак дали Македонија е демократска земја, 34 проценти одговориле дека во земјата има целосна демократија, 27 проценти дека има некаква демократија, додека, 39 отсто се изјасниле дека во Македонија нема демократија.

Професор Мирјана Најчевска вели дека граѓаните во Македонија во ниту еден момент не разбраа што е тоа демократија.

„Не разбраа дека политиката не се исцрпува со гласање за различни политички опции, туку со постојана континуирана на тој што ќе дојде на власт и постојана континуирана партиципација, учество, влијание на граѓаните врз се што им се случува во животот“, вели таа.

Во истражувањето на МЦЕО речиси половина од испитаниците (47%) се согласиле со тврдењето дека „демократијата отвора простор за премногу неодлучност, непотребни расправии и препукувања. Огромно е и согласувањето (87%) со тврдењето дека „во демократиите, донесувањето на одлуките треба да им се остави на експертите и на интелектуалците, а не само на политичарите“. Понатаму 65 отсто се согласуваат дека во демократски системи побргу се развива демократијата, а со тврдењето дека “демократиите се успешни кога, преми-ерите во својата работа се ограничени од страна на парламентот, судството, медиумите“, 60 проценти се согласиле, 24 проценти не се согласуваат, додека 16 отсто се неутрални.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG