Достапни линкови

ССНМ: Нападот во Париз е варварски акт на насилство


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение изрази шокираност и згрозеност од денешниот, како што велат, дивјачки напад во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебду“ во кој загинаа 12 лица, од кои 10 новинари, и изрази сочувство до семејствата на убиените и до целата француска јавност. ССНМ, се вели во соопштението, ја дели оцената на Европската федерација на новинари, која масакрот веќе го нарече варварски акт на насилство против новинарството и против слободата на медиумите. Воедно, ССНМ ги повикува македонските колеги утре во 11 часот каде и да се, да се придружат кон едноминутното оддавање почит за убиените новинари што во Меѓународниот прес-центар го организира Европската федерација на новинари.

XS
SM
MD
LG