Достапни линкови

Рохани повика на помирување меѓу шиитите и сунитите


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани повика шиитските и сунитски муслимани да ги надминат разликите кои ја претставуваат најголемата и најстара поделба во исламот. Зборувајќи на почетокот на Конференцијата за исламско единство во Техеран, Рохани денеска ги повика муслиманите од „сите исламски вери“ да почнат „практична соработка“ заради постигнување единство и солидарност. Иран е доминантно шиитска земја. Рохани рече дека муслиманите мора да ги препознаат различните исламски вери како единствена религија од почетокот на нивното образование.Конференцијата се одржува во време на засилени секташки насилства меѓу шиитите и сунитите од Блискиот Исток до Пакистан. Тензиите се заострија по засилувањето на сунитската организација Исламска држава, која ги обвинува шиитите дека се еретици, предавници и немуслимани.

XS
SM
MD
LG