Достапни линкови

Куба ги очекува американските туристи


Како резултат на најавениот историски пресврт во односите меѓу Соединетите Држави и Куба, се очекува дека властите во Вашингтон ќе дозволат повеќе Американци да патуваат на Куба.

Секоја зима, туристи од Канада и од Европа се шетаат низ сончевите улици на Хавана, фотографирајќи се пред катедралата, колонијалните објекти и со векови старите плоштади.

Во моментов, во Хавана има 3, 4, 5 навистина убави хотели, кои се квалитетни, но мислам дека треба да има повеќе. Потоа, постои проблем со капацитетот на аеродромот. Но, мислам дека кубанската влада и Кубанците ги гледаат предизвиците и ќе преземат нешто.

Сега, како резултат на најавениот историски пресврт во односите меѓу Соединетите Држави и Куба, се очекува дека властите во Вашингтон ќе дозволат повеќе Американци да патуваат на Куба, иако целосната забраната за патување може да ја укине само Конгресот.

Тур операторите се надеваат дека доколку биде укината забраната, стотици илјади Американци ќе патуваат како туристи на островот, главно поради убавите плажи, колонијалните градови, пурите, румот и американските олд тајмер автомобили низ улиците.

Колин Лаверти, претседател на Куба едукејшн турс, се надева дека ќе бидат подобрени туристичката инфраструктура и услугите за новите туристи.

Раул Кастро, Барак Обама

Раул Кастро, Барак Обама

„Во моментов, во Хавана има 3, 4, 5 навистина убави хотели, кои се квалитетни, но мислам дека треба да има повеќе. Потоа, постои проблем со капацитетот на аеродромот. Но, мислам дека кубанската влада и Кубанците ги гледаат предизвиците и ќе преземат нешто“, вели тој.

Мислам дека Хавана има шарм, кој е се уште доминантен во историскиот дел на градот, но ако се направат премногу промени, тој шарм ќе се загуби. Има многу модерни градови во светот, но нема многу градови како Хавана.

Лаверти во последниве 4 години организирал патувања на Куба за околу 5 илјади луѓе.

Според американските санкции, не е дозволено патување на туристи на Куба, со исклучок на посети преку кубанско–американски заеднички програми, организирани од лиценцирани оператори.

Главни атракции за туристите во Хавана се историскиот центар на градот, автентичните ресторани и секако барот Бодегита дел Медио, омилено место на Ернест Хемингвеј. Но, на Хавана и недостигаат серија квалитетни услуги за потребите на туристите, како квалитетно сместување, позајмување автомобили, такси служби и слично. Но некои туристи и токму затоа ја избираат Куба, бидејќи не е зафатена со масовен туризам.

Санти, турист од Шпанија, вели дека се потребни подобрувања во туристичката понуда на Куба, но оти и преголемите промени можат да и наштетат на уникатноста.

„Мислам дека Хавана има шарм, кој е се уште доминантен во историскиот дел на градот, но ако се направат премногу промени, тој шарм ќе се загуби. Има многу модерни градови во светот, но нема многу градови како Хавана“, вели тој.

Карипскиот остров беше омилена туристичка дестинација за Американците во 50-тите години, кога на власт беше дектаторот Батиста, но од револуцијата, предводена од Кастро во 1959-та година, туристичката инфраструктура беше запоставена. Дури и со инвестициите во последниве години од страна на канадски и европски хотелски компании, Куба не е подготвена за масовен туризам.

Куба соопшти дека лани ја посетиле рекордни 3 милиони туристи, што е за 5,3 отсто повеќе од 2013-та година. Најмногу од нив биле Канаѓани, но најголемиот дел од нив не ја посетуваат Хавана, туку одморале во Варадеро, на плажи слични како на другите Карипски острови.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG