Достапни линкови

За прв пат повеќе сириски од авганистански бегалци


Деца-бегалци од Сирија во Либан.

Деца-бегалци од Сирија во Либан.

Агенцијата на бегалци на ОН, УНХЦР, соопшти дека Сиријците ги престигнале Авганистанците како втора по големина бегалска популација после Палестинците. УНХЦР денеска соопшти дека најмалку три милиони Сиријци на средината на минатата година добивале помош од Агенцијата, која се грижи за околу 13 милиони бегалци во светот, што е најголем број од 1996 година. За околу 5 милиони палестински бегалци се грижи посебна агенција – УНРВА. УНХЦР проценува дека бројот на сириски бегалци до почетокот на годинава можеби достигнал 4,3 милиони.

Најмалку 200 илјади луѓе загинаа, а половина од населението во Сирија е раселено од почетокот на конфликтот во март 2011 година.

Авганистанците три децении беа втора најголема бегалска група. На средината на минатата година во Пакистан и во Иран имале 2,6 милиони авганистански бегалци.

XS
SM
MD
LG