Достапни линкови

Пронајдена опашката на Ер Азија


Индонезиски власти соопштија дек нуркачи и без пилотни амфибии денеска ја нашле опашката на авионот на Ер Азија, кој се урна во морето кај Јава минатиот месец со 162 патници.

Откритието е значајно, бидејќи црните кутии со записите од летот се наоѓаат во опашката на авионот.Остатоците се фотографирани на околу 9 километри од местото каде со авионот е изгубен контактот.

Досега се пронајдени 40 тела. Ербасот на 28 декември сообраќаше меѓу Сурабаја и Сингапур. Официјално се уште не се познати причините за падот на авионот, но како фактор се наведуваат лошите временски услови.

XS
SM
MD
LG