Достапни линкови

Православните верници го слават Божиќ



Православните христијани денеска го слават Божиќ. Во Русија руските лидери беа меѓу многуте кои денот го одбележаа со одење во црква. Рускиот премиер Дмитриј Медведев и неговата сопруга, присуствуваа на Божиќната миса во главаната катедрала во Москва. Претседателот Владимир Путин не беше во Москва оваа година на полноќната миса. Путин присуствуваше на миса во селската црква во регионот Воронеж. Присуство на Божиќната миса е традиција за водство на Кремљ. Патријархот Кирил имаше годишно телевизиското обраќање до верниците во Русија. Живееме во тешки времиња. Но ние никогаш во историјата не сме биле напуштени од нашиот Спасител, ако му се помолиме, рече патријархот Кирил.

XS
SM
MD
LG