Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул


Илустрација: Истанбул.

Илустрација: Истанбул.

Турската полиција соопшти дека еден полицаец загина, а еден е повреден денеска кога жена го активирала експлозивот што го носела пред полициска станица во центарот на Истанбул. Нападот се случил во туристички дел на градот каде што се Сината Џамија и црквата Аја Софија. Полицијата соопшти дека жената го активирала експлозивот на контролен пункт пред станицата каде што била запрена од стражарите. Напаѓачката зборувала на англиски јазик и им рекла на стражарите дека го заборавила паричникот во станицата. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG