Достапни линкови

Инфлација од 25 отсто во Украина во 2014 година


Илустрација.

Илустрација.

Инфлацијата во Украина во 2014 година беше 25 отсто, што е највисока инфлација во земјата во последните 14 години. Украинскиот завод за статистика денеска соопшти дека во претходната 2013 година инфлацијата била 0,5 проценти.

Главни фактори за зголемување на цените се конфликтот на истокот на земјата, кој влијаеше на извозот на челик и ја принуди земјата да увезува јаглен и струја, како и владината одлука за зголемување на цената на гасот за домаќинствата. Украинската валута, гривната, изгуби половина од својата вредност изминатата година, што исто така предизвика зголемување на цените.

Во буџетот на Украина за годинава е предвидено стапката на инфлација да биде 13 проценти. Сепак, гувернерката на централната банка Валерија Хонтарева изјави дека инфлацијата веројатно ќе достигне 18 проценти ако владата дополнително ја зголеми цената на гасот за домаќинствата.

XS
SM
MD
LG