Достапни линкови

logo-print

Тајланд одобри екстрадиција на осуден терорист во Индија


Судот во Бангкок денеска одобри екстрадиција во Индија на пакистанскиот бегалец Гурмит Синг, кој беше осуден за бомбашки напад во 1995 година во Индија, во кој загинаа 16 луѓе, меѓу кои и еден министер. Полицијата го уапси националистичкиот Сик, 37-годишниот Синг, вчера во близина на одморалиштето Патаја. Тој избега од затвор со голема безбедност во Индија во 2004 година, за време на судењето за неговата вклученост во самоубиствениот напад од 1995 година. Индискиот суд во 2007 година во отсуство го осуди на доживотен затвор за нападот, заедно со уште петмина други терористи. Властите соопштија дека Синг живеел во Тајланд неколку месеци пред апсењето.

XS
SM
MD
LG