Достапни линкови

Терористите во Пакистан пред воен суд


Илустрација.

Илустрација.

Пакистанскиот парламент денеска донесе закон со кој им се овозможува на воените судови да судат обвинети за тероризам. Ниту еден пратеник не гласаше против законот, иако претставниците на две верски партии беа воздржани. Законот ќе стапи на сила за две години. До овој потег доаѓа по талибанскиот напад врз училиште во Пешавар минатиот месец, во кој беа убиени 142 деца и деветмина вработени. Се очекува оваа недела законот да биде потпишан од претседателот.

XS
SM
MD
LG