Достапни линкови

Најавен телефонски разговор за конфликтот во источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Украинските власти соопштија дека министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција планираат телефонски да разговараат на 9 јануари, како дел од дипломатските напори за окончување на конфликтот во источна Украина. Министрите треба да разговараат за подготовка на можна средба меѓу лидерите на овие четири земји во главниот град на Казахстан, Астана. Средбата во Астана беше најавена за 15 јануари, но лидерите на Германија и на Франција вчера изразија сомнеж дека таа ќе се одржи.

XS
SM
MD
LG