Достапни линкови

Путин дозволи странци да служат во руската војска


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој им се овозможува на странци да служат во руската војска. Според декретот, на странците на возраст од 18 до 30 години, кои зборуваат руски јазик, им се дозволува да потпишат петгодишни договори со руските вооружени сили, Министерството за внатрешни работи и Државната противпожарна служба. Досега, странските државјани требаше да добијат руско државјанство или посебна документација за да може да служат во руската војска. Многумина странски војници сега служат во нивните земји надвор од Русија, која има големи воени бази во Ерменија и Таџикистан, како и воено присуство во други делови на поранешниот Советски Сојуз, како што е Придњестровје во Молдавија и во отцепените грузиски области Јужна Осетија и Абхазија. Според декретот, странските војници сега може да бидат испратени во странство во „воени“ ситуации.

XS
SM
MD
LG