Достапни линкови

Рубљата повторно паѓа


Рубљата денеска повторно падна, откако цената на нафтата, која е клучен руски извозен производ, падна на најниското ниво во последните пет години. Руската енергетски зависна економија со месеци се мачи поради ниските цени на нафтата и западните санкции. Рубљата минатата година изгуби половина од својата вредност, а рекордно ниско ниво достигна на 16 декември кога еден долар се менуваше за 80 рубљи. Владата потроши милијарди долари за поддршка на руската валута по што таа зајакна, но по Нова година повторно падна за денеска еден долар да се менува за 63, а едно евро за 75 рубљи. Барел нафта на светските берзи се продава за околу 50 американски долари.

XS
SM
MD
LG