Достапни линкови

Пакистан ги забрзува судските процеси за тероризам


Долниот дом на парламентот на Пакистан го одобри уставниот амандман овозможувајќи воените судови да испитуваат цивили осомничени за тероризам. Целта на оваа мерка е да се забрзаат судските процеси против наводните терористи. Мерката помина со 247 гласови во националното собрание составено од 342 членови, остварувајќи двотретинско мнозинство потребно за менување на уставот.

Членовите на двете религиски партии се воздржаа од гласање. Оваа недела се очекува измената да биде одобрена од страна на Горниот дом и од претседателот, која треба да стапи на сила за две години. Пакистан презеде вакви чекори за да се справи со милитантите по нападот на Талибанците врз училиштето во Пешавар, во кој минатиот месец беа убиени 142 деца и девет вработени. Активистите за човекови права ја криткуваа владата за укинувањето на суспензијата на смртната казна и за убивање на терористички осуденици.

XS
SM
MD
LG