Достапни линкови

Луксузните автомобили во Русија распродадени


Нејасниот курс на рубљата ја кочи испораката на луксузни автомобили за рускиот пазар. Она што го имаше во салоните, веќе е продадено.

Луксузните автомобили беа распродадени во Русија во последниве месеци како дел од настојувањата на богатите Руси да ги претворат рубљите, кои обезвреднуваат, во нешто конкретно. Сергеј Мордовин, менаџер за продажба во салонот на Ламборџини во Москва вели:

Сите автомобили, чија цена беше во рубљи, се продадоа од нашиот салон за две недели. Немаме веќе автомобили. Нашите снабдувачи не ни доставуваат нови, бидејќи не можат да ја утврдат цената поради нејасниот курс на рубљата.

„Сите автомобили, чија цена беше во рубљи, се продадоа од нашиот салон за две недели. Немаме веќе автомобили. Нашите снабдувачи не ни доставуваат нови, бидејќи не можат да ја утврдат цената поради нејасниот курс на рубљата“, вели тој.

Цените на автомобилите во Русија, поради курсот на рубљата, се менуваат толку бргу, што некои производители целосно ја прекинаа испораката.

Пазарот на автомобили го очекуваат тешки времиња во оваа година. Многу компании, кои работат како дилери, ќе банкротираат поради курсните разлики. А во нашиот бизнис се потребни многу пари, вели Сергеј Солоченко, директор за развој на една компанија за автомобили.

Се очекуваше Русија да го преземе приматот од Германија како најголем пазар за автомобили во оваа декада. Но, со ниските цени на нафтата и санкциите на Западот против Русија, кои се притисок врз руската економија, тешко дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG