Достапни линкови

13 гардисти на Украина загинаа во сообраќајна несреќа


Илустрација

Илустрација

Тринаесет војници од Националната гарда на Украина вчера загинаа во сообраќајна несреќа во источниот дел на земјата. Украинските власти соопштија дека несреќата се случила при судар на воен камион и автобус во лоши временски услови во регионот Доњецк. Еден од 12-те војници кои биле хоспитализирани починал рано утринава.

Гардистите биле ротирани на фронтот во конфликтот со проруските сепаратисти кои држат делови на регионите Доњецк и Луганск и имаат поддршка од Москва. Од април минатата година, во конфликтот загинаа повеќе од 4.700 борци. Борбата и натаму продолжува и покрај договорот од 5 септември за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG