Достапни линкови

Потпретседателот на ФИФА: Време е за промени


Потпретседателот на Светската фудбалскаа федерација ФИФА, принцот Али Бин Ал Хусеин од Јордан, најави дека ќе се кандидира на претседателските избори да го замени претседателот Сеп Блатер кој е засенет од корупциски скандали. Изборите за претседеател на ФИФА ќе се одржат на 29 мај, а принцот Али кој има 39 години соопшти дека „е време за промени“ во фудбалската федерација. ФИФА беше потресена од серија обвинувања за корупција во времето на претседателот Блатер кој 17 години е на чело на федерацијата.

Шефот на комитетот за етика на ФИФА поднесе оставка минатиот месец откако телото одобри Русија и Катар да бидат домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година и покрај убедливите докази дека двете земји масовно користеле поткуп за да обезбедат да бидат домаќини. Сеп Блатер кој има 79 години соопшти дека по пети пат ќе бара мандат за претседател на ФИФА.

XS
SM
MD
LG