Достапни линкови

logo-print

Обрван го скрати списокот на ракометари што ќе настапат во Катар


Macedonia - Macedonian handball team.

Macedonia - Macedonian handball team.

Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го скрати списокот на ракометари што ќе настапат на Светското првенство во Катар и ќе бидат во комбинација на турнирот во Франција. По вчерашниот тренинг отпаднаа Гоце Ојлески и Никола Стојчевски, додека претходно отпадна и Филип Талевски.

Ова се 18 - те ракометари кои ќе патуваат на Светското првенство: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митровски, Дејан Манасков, Владо Недановски, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски, Столе Стоилов, Никола Маркоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Филип Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Ацо Јоноски и Велко Маркоски. Ракометарите на 8 јануари заминуваат во Нант, Франција каде ќе одиграат два натпревара, против Алжир, и во зависност од резултаот следниот противник ќе ни биде Франција или Аргентина

XS
SM
MD
LG