Достапни линкови

logo-print

Загадувањето што се прави со палењето на дрвата е краткрајно, но тие ресусри може да се искористат поинаку, велат упатените.

Високите стапки на загаденоста на воздухот во градовите во Македонија и постојаните нагласувања од црковните лица дека палењето на оган вечерта пред Бадник е пагански обичај, не се доволно силни аргументи да ги предомислат граѓаните да продолжат со оваа традиција која се чини во последниве години се засилува.

Треба да водиме сметка секој од нас што може да направи за да се намали загадувањето. Во тоа загадување учествува многу и семејното греење коешто е на дрва и на некои други извори, па така и ова непотребно горење на коледарските огнови.

Вечерва низ државава, ден пред православниот празник Бадник, имаше оган во речиси секое маало, а дел општини одлучија и тие да даруваат дрвата. Според Петар Бошевски од невладината организација Еко-скоп и по затворањето на погонот на Макстил се покажало дека воздухот остана доста загаден, бидејќи ситуацијата е ваква поради многу извори на загадување.

„Треба да водиме сметка секој од нас што може да направи за да се намали загадувањето. Во тоа загадување учествува многу и семејното греење коешто е на дрва и на некои други извори, па така и ова непотребно горење на коледарските огнови“, вели Бошевски и додава дека покрај загадувањето се предизвикуваат и други еколошки штети.

Јас повеќе би рекол дека е голем проблем од аспект на социјална гледна точка, значи таа количина на дрва што се употребува и што се гори, од една страна може да се даде на семејства на кои навистина им е потребно.

„Непотребно се гори исечена шума, таму кај што се гори, најчесто тие огнови се палат на почва, на земја, со што се оштетува живиот свет под земјата, значи има разни организми кои живеат под таа земја и тие или угинуваат или мора да бегаат на некое друго место, некои не можат да бегаат итн.“, вели Бошевски.

Никола Нешкоски од невладината организација Екологик, пак, нагласува дека загадувањето што се прави со палењето на дрвата е краткрајно, но дека тие ресусри може да се искористат поинаку.

„Јас повеќе би рекол дека е голем проблем од аспект на социјална гледна точка, значи таа количина на дрва што се употребува и што се гори, од една страна може да се даде на семејства на кои навистина им е потребно, а од еколошка гледна точка има удел во целото загадување, меѓутоа тоа не би рекол дека е нешто на кое треба да му се посвети огромно внимание, има сепак поголеми проблеми од тоа“, вели Нешкоски.

Во последниве години стана некаков вид на натпревар кое маало ќе има поголем оган. Според информациите од минатите години за Коледе само на територијата на град Скопје се гореле и околу 400 кубици дрва. За споредба некои процени покажуваат дека во текот на зимата едно домаќинство троши од четири до десет кубни метри дрва.

Инаку пред први мај денот на кој вообичаено граѓаните на излетничките места палат скари градот Скопје и ЈП„Паркови и зеленило“ апелираа дека во согласност со мерките и надлежностите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, како казнети по 200 евра за палење оган на јавна површина, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG