Достапни линкови

Турска парламентарна комисија против судење поранешни министри


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турска парламентарна комисија денеска гласаше против судење на четворица поранешни министри од страна на Врховниот суд, осомничени за корупција во рамки на големиот скандал кој пред една година ја потресе владејачката структура во земјата. Девет од 14-те пратеници во оваа комисија, кои се членови на владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се изјаснија против започнување судски процес за четворицата поранешни министри. Поранешниот министер за животна средина Ердоган Бајрактар, за економија Зафер Чаглајан, за внатрешни работи Муамер Ѓулер и за европски прашања Егемен Багаш се обвинети за злоупотреба на службената должност, измама и корупција.

XS
SM
MD
LG