Достапни линкови

logo-print

Франција и Германија со сомнеж пред најавениот Самит за Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Франција и Германија изразија сомнеж за тоа дали ќе се одржи Самитот на лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија закажан за 15 јануари во Казахстан, а на кој треба да се разговара за напорите за окончување на конфликтот меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека сè уште не може да каже „дали и кога ќе се одржи таква средба“.

Нејзиниот портпарол Стефан Зајберт рече дека таква средба „има смисла само“ ако се направи напредок кон „целосна имплементација на мировниот договор од Минск, вистински и траен прекин на огнот, контакт-линија меѓу областите контролирани од Украина и од бунтовниците и повлекување на тешкото вооружување“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд за Француското радио изјави дека ќе патува во главниот град на Казхстан, Астана, ако има „можност за постигнување нов напредок“.

Претставници на Министерствата за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија денеска се среќаваат во Берлин да разговараат за напорите за окончување на конфликтот меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG