Достапни линкови

logo-print

Германија сака Грција да остане во еврозоната


Германија не ги променила позициите кон членството на Грција во еврозоната, изјави Штефен Зајберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел. Портпаролот истакна дека Берлин сака Атина да остане членка на 19-члената монетарна унија.

„Целта на Германија е да се стабилизира и да се зацврсти еврозоната со сите земји-членки, вклучувајќи ја Грција“, додаде Зајберт.

XS
SM
MD
LG