Достапни линкови

Професорски пленум: Одбиваме да ја претставуваме страната што се плаши


Професорскиот пленум составен од неколку стотини универзитетски наставници соопшти дека не учествува на денешната дебата за законот на високо образование организирана од владата од неколку причини меѓу кои и тоа што немаат добиено формална покана. Професорскиот пленум соопштува дека со колегите што не ги делат нивните ставови може да спорат на универзитетот како независна и автономна територија од политиката, а не во хотел и во организација на владата. Пленумот бара подолга јавна расправа, наместо еднодневна дебата.

„По сета медиумска хајка која деновиве се водеше и се уште се води против нас, одбиваме да ја претставуваме страната која наводно се плаши од високи критериуми или ги хушка студентите на протести“, се наведува во соопштението на Професорскиот пленум.

XS
SM
MD
LG