Достапни линкови

logo-print

Дебата за образование без Професорски и Студентски Пленуми


Претставниците на Професорскиот пленум нема да учествуваат на „средбата за размена на мислења и аргументи“ за измените на Законот за високо образование, организирана денеска од Владата и Министерството за образование и наука во хотелот Александар Палас.

Професорскиот пленум, составен од речиси 500 професори од различни универзитети не сака да му даде легитимитет на овој настан чија единствена цел е да креира привид на транспарентност и партиципативност во донесувањето октроирани закони. Професорскиот пленум и натаму цврсто стои зад барањето за повлекување на законските измени кои се велат атак врз високото образование и автономијата на Универзитетот.

На средбата не се поканети и Претставници на Студентскиот Пленум. На покана на Владата и Министерството за образование и наука се очекува дебата со членови на Интеруниверзитетската конференција. Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата.

XS
SM
MD
LG