Достапни линкови

logo-print

Оланд: Грција мора да ги исполни обврските кон ЕУ


Францускиот претседател Франсоа Оланд, денеска побара од Грција да ги исполни своите обврски кон Европската унија.

Грците се присилени самите да ја изберат својата судбина, но одредени обврски мораат да бидат почитувани, рече Оланд за Француското радио.

Како што пренесуваат француските медиуми, изјавата на Оланд следи по вчерашните медиумски шпекулации за подготвеноста на Германија да го прифати евентуалното излегување на Грција од еврозоната.

Портпаролот на германската Влада, Георг Штрајтер, изјави дека Германија е уверена дека Грција ќе остане приврзана на програмата за финансиска консолидација, што е иницирана од ЕУ.

XS
SM
MD
LG