Достапни линкови

Експлозија во украинскиот град Одеса


Одеса

Одеса

Експлозија одекна доцна синоќа во градот Одеса во јужна Украина во близина на зградата од која се координира помошта за воените сили кои се борат против про-руските сепаратисти во источна Украина. Според првите информации, притоа немало повредени, но биле искршени прозорците на околните згради, а имало и оштетени автомобили.

Во саботата во Одеса имаше уште една експлозија, во близина на железничката станица Одеса-Пересип, чија цел биле товарни возила полни со нафтени деривати. Украинските официјални лица оваа експлозија ја нарекоа терористички акт.

Одеса е погодена од серија експлозии од почетокот на минатиот месец.

XS
SM
MD
LG