Достапни линкови

logo-print

Во Берлин состанок за ситуацијата во Украина


Денеска во Берлин ќе биде одржан состанок на т.н. Нормандија формат група, на кој претставници на Украина, Русија, Франција и Германија ќе разговараат за можностите за решавање на украинското прашање. Киев потврди дека на состанокот ќе учествува директорот на одделот за политики и комуникации Олексиј Макеев, додека руски претставник ќе биде директорот на вториот оддел на министерството за надворешни работи Виктор Сорокин.

Макеев вчера изјави дека сите учесници во разговорите ќе го презентираат својот план за промоција на имплементацијата на договорите од Минск. Претставниците се надеваат дека ќе биде постигнат доволен напредок за да може да се одржи состанок на групата Нормандија на повисоко ниво во блиска иднина.

XS
SM
MD
LG