Достапни линкови

Во Доњецк повторно воведен полициски час


Прославата на Нова година во Доњецк.

Самопрогласените проруски сепаратистички власти на Доњецк повторно воведоа полициски час, кој привремено беше прекинат за време на прославата на Нова година. Новинската агенција Доњецк соопшти дека сите легални и полулегални препријатија за забава треба да бидат затворени до 22 часот, а секој што ќе биде најден на улица во пијана состојба или без документи ќе биде притворен. Сепаратистичкиот комесар за човекови права Дарја Морозова во меѓувреме изјави дека сепаратистите преговараат со украинските власти за евентуална размена на затвореници.

XS
SM
MD
LG