Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја со критика за санкциите на САД


Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил

Северна Кореја ги нападна САД за воведувањето нови санкции против земјата. Министерството за надворешни работи соопшти дека политиката на потиснување, која САД ја следат цврсто во однос на Северна Кореја, е израз на неосновано непријателство и само ќе ја зајакне волјата и решеноста на севернокорејскиот народ да го брани суверенитетот на земјата.

Американскиот претседател Барак Обама одобри воведување на нови санкции против Северна Кореја како одговор на хакерскиот напад против Сони Пикчрс Ентертејмнт. Вашингтон го обвини Пјонгјанг за нападот.

XS
SM
MD
LG