Достапни линкови

Пронајдени нови остатоци од авионот на Ер Азија


Ковчезите со телата на патниците на авионот на Ер Азија.

Ковчезите со телата на патниците на авионот на Ер Азија.

Индонезиските власти соопштија дека спасувачките тимови пронашле четири големи делови од остатоците на авионот на Ер Азија на дното на океанот. Тие користеле специјална опрема односно хидролокатор. Силните струји ги спречуваат нуркачите да влезат во водата и да ги испитаат објектите. Спасувачките тимови се надеваат дека телата на поголемиот дел од патниците и екипажот ќе бидат лоцирани во остатоците на авионот. Досега беа откриени 30 тела во Јаванското море. На авионот имало 162 патници заедно со екипажот.

XS
SM
MD
LG