Достапни линкови

Професорскиот пленум со отворено писмо до ректорот на УКИМ


Професорскиот пленум преку отворено писмо му се обрати на ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски која ја прифати поканата на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми за дебата со Интеруниверзитетската конференција околу реформите во високото образование. Во писмото е наведено дека се свесни оти поканата од Владата за разговор на само три дена пред второто читање на Законот во Собранието е фрлање прашина во очи и создавање на привид на дијалог со нив, какао академска заедница. Ние со индигнатција одбиваме да им дадеме легитимитет пост фестум, се вели во писмото.

Од професорскиот пленум бараат од Стојковски да застане во одбрана на дигнитетот на Универзитетот и порачуваат дека се подготвени за конструктивна соработка за подготвување нов Закон за високо образование, но само во демократска атмосфера, со пристоен рок и со консултација на сите засегнати.

XS
SM
MD
LG