Достапни линкови

Вооружена група киднапирала странски работници во Либија


Илустрација

Илустрација

Сведоци во централна Либија соопштија дека маскирана вооружена група киднапирала 13 коптски христијани, само неколку денови по киднапирањето на 7 други. Според нив, 15 напаѓачи влегле во едно населено место во градот Сирте каде престојувале работници од Египет при што ги искористиле документите за идентификација да ги оделат муслиманите од христијаните. Напаѓачите им ставиле лисици на христијаните и ги однеле во возило. Коптски свештеник од градот на киднапираните работници Самалоут, кој се наоѓа во јужен Египет ја потврди информацијата.

XS
SM
MD
LG