Достапни линкови

Ставрески најави инвестиции, вработувања и поволен бизнис амбиент


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека привлекувањето странски инвестиции, отворањето нови работни места и создавањето поволен бизнис амбиент за домашните инвеститори остануваат економски приоритет на Владата за 2015 година. Тој во новогодишното интервју за Македонската телевизија порача и дека ќе го помогнат домашното стопанство преку висок износ на инфраструктурни проекти, односно капитални инвестиции од Буџетот.

На тој начин, смета вицепремиерот, ќе се постигнат добри економски резултати и проектираниот економски раст од 4 проценти, а ќе продолжи и трендот на намалување на невработеноста. Тој очекува темпото на странски инвестиции да продолжи да расте и во 2015 година со што ќе се отворат нови работни места за граѓаните.

XS
SM
MD
LG