Достапни линкови

Порошенко оствари средба со безбедносните претставници


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко и наредил на владата да ги зголеми напорите со цел да се осигура ослободувањето на заробениот персонал од страна на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. Порошенко одржа состанок со безбедносните претставници во Киев со кој разговарал за мерките каде да се обезбедат границите на земјата и да се подобри борбениот капацитет на украинската војска.

Лидерот на Советот за национална безбедност, Олександар Турчинов изјави дека ќе биде можно да се премине воената контролна линија околу зоната каде властите се борат против сепаратистичките сили само на седум назначени премини.

XS
SM
MD
LG