Достапни линкови

Интеруниверзитетската конференција ја прифати поканата за дебата


Министерот за образование Абдулаќим Адеми и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Интеруниверзитетската конференција ја прифати поканата на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми за дискусија во насока на подобрување на високото образование.

Универзитетите во Република Македонија како членки на Европската асоцијација на универзитетите, Светската асоцијација на Универзитетите и потписници на Маgna Charta Universitatum, секогаш се залагале за квалитетно образование согласно европските и светски стандарди, се наведува во писмото од претседателот на Интеруниверзитската конференција Велимир Стојковски. Како академска заедница, се додава во писмото, секогаш сме биле и ќе бидеме отворени и подготвени за разговор и дебата по сите прашања во насока на подобрување на квалитетот на високото образование.

XS
SM
MD
LG