Достапни линкови

Временска прогноза-Студено и со врнежи од снег


Времето во Македонија ќе биде студено и со врнежи од снег. Ќе има услови за засилен северен ветер, а во јужните делови во пониските места прво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа и таму ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и снежната покривка ќе се зголеми за околу 10 сантиметри. Минималната температура ќе изнесува минус осум степени, а максималната седум степени. Во Скопје ќе преовладува слично време, со температура до пет степени Целзиусови.

XS
SM
MD
LG