Достапни линкови

Саудиска Арабија по 25 години повторно ќе има амбасада во Ирак


Знамето на Саудиска Арабија

Знамето на Саудиска Арабија

Саудиска Арабија соопшти дека ќе испрати делегација во Ирак пред повторно отварање на амбасада во земјата по 25 години. Според соопштението, делегацијата ќе ги носи одлуките за избор и опрема на зградата за амбасада во Багдад и конзулат во Ирбил, главниот град на автономниот курдски регион.

Дипломатските односи помеѓу Саудиска Арабија и Ирак беа отсечени во 1990 година, откако Ирак изврши инвазија на Кувајт. Но врските беа обновени во 2004 година откако беше соборен режимот на Садам Хусеин.

XS
SM
MD
LG