Достапни линкови

Адеми ја повика на средба Интеруниверзитетската конференција


Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми испрати покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски за средба в понеделник во хотелот „Александар Палас“ со цел размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување и дебата за реформите.

Водејќи се од принципите на транспарентност и отвореност, како дел од дебатата за реформите кои се спроведуваат во високото образование во Република Македонија и кои во својата суштина го имаат обезбедувањето на повисок степен на знаења и вештини за студентите, дополнителен квалитет на работата на наставниот кадар и на образовниот процес, односно генерално подобрување на квалитетот на високото образование, Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука доставија покана до членовите на Интеруниверзитетската конференција за организирање средба за размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување на реформите и дебата, се вели во поканата.

Со цел обезбедување застапеност на поголем број мислења, како што е наведено, од интерес за процесот, во рамките на делегацијата на Интеруниверзитетската конференција која ќе присуствува на средбата, покрај нејзините членови да биде овозможено и присуство по петмина професори кои со своите изнесени ставови во јавноста изразија забелешка и несогласување со реформите и по петмина професори кои дадоа поддршка на реформите во високото образование кои ги иницираше Владата во актуелниот период, а професорите ќе ги определи самата Интеруниверзитетска конференција.

XS
SM
MD
LG