Достапни линкови

Иран-Отфрлен предлог законот за задолжително носење хиџаб


Иранскиот предлог закон кој и дава поголемо овластување на полицијата да ги принудува жените задолжително да носат хиџаб е прогласен за неуставен. Иранските државни медиуми јавија оти предлогот бил отфрлен. Според исламскиот закон во Иран жените мора да ја покријат нивната глава и врат, при што не треба да им се гледа и косата. Во предлог законот, кој беше одобрен во декември беше наведено и дека работодавачите ќе бидат одговорни дека нивните работнички носат хиџаб и дека фирмите ќе се соочат со казни доколку не го почитуваат тоа.

XS
SM
MD
LG