Достапни линкови

Исламската држава киднапирала 170 мажи во Ирак


Борците на Исламската држава киднапирале околу 170 мажи во северниот дел на Ирак поради тоа што гореле знамиња на милитантната група. Мажите биле жители на две села во покраината Киркук каде биле запалени две знамиња на Исламската држава. Според ирачката разузнавачка служба тие биле ставени во 30 возила. Не е прв пат милитантите да извршат масовно киднапирање со цел да извршат притисок врз населението во териториите кои се под нивна контрола од јуни минатата година.

XS
SM
MD
LG