Достапни линкови

Јанакиески-Се пробиваат отсечените села и се отстрануваат дефектите


Состанок на Кризниот штаб поради снежното невреме.

Состанок на Кризниот штаб поради снежното невреме.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски по денешниот состанок на Координативното тело на Кризниот штаб изјави дека се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот ден за кога се најавуваат нови снежни врнежи, но со помал интензитет. Според него, прва цел е сите села во Македонија да бидат проодни и во меѓувреме екипите од ЕВН работат на отстранување на дефектите за сите села да добијат струја. Согласно акцискиот план, појасни тој, се очекува денеска најголем дел од населените места кои се отсечени да бидат пробиени и да може нормално да функционираат, додека, пак, во едно село во Мавровско денеска ќе се врши дотур на нафта, неопходна за агрегатите кои некои од нив ги користат.

Според Игор Гиевски од ЕВН, сите далекуводи и оспособени трафостаници работат нормално, нема нови дефекти, што укажува на фактот дека сите населени места во кризниот регион кои добија електрична енергија имаа стабилно напојување со струја.

XS
SM
MD
LG