Достапни линкови

Пронајдени остатоци од авионот на ЕрАзија


Истражувачките тимови пронашле две големи прачиња од авионот на ЕрАзија кој се урна во морето во близина на Индонезија минатиот викенд. Според индонезиската агенција за спасување и потрага парчињата биле пронајдени на 30 метри длабочина. Досега беа пронајдени 30 тела од 162 патника на авионот.

Спасувачите се уште ги бараат и црните кутии од авионот. Во потрагата учествуваат бродови од Индонезија, Малезија, Сингапур и САД, но таа е отежната од монсунските дождови. Останува непознато што го предизвикало уривањето на авионот.

XS
SM
MD
LG