Достапни линкови

Германија-Што поскоро средба на украинските и руските власти


Германскиот министер за надворешни работи Френк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Френк Валтер Штајнмаер

Германското министерство за надворешни работи соопшти дека руските и украинските власти се согласиле што поскоро да остварат средба на која ќе разговараат за ставање крај на конфликтот во источна Украина. Германскиот министер за надворешни работи Френк Валтер Штајнмаер телефонски разговарал за ќорсокакот помеѓу украинските сили и проруските сепаратисти со украинскиот, рускиот и францускиот колега. Според соопштението, бил постигнат договор за што поскоро остварување на средба, без да се дадат дополнителни детали.

XS
SM
MD
LG