Достапни линкови

Авганистански војници гранатирале свадба, 27 мртви


Авганистанските власти обвинија војници за ракетниот напад во кој загинаа најмалку 27 гости на свадба во провинцијата Хелманд на југот на земјата. Во нападот од 31 декември има загинато жени и деца, а има најмалку 50 повредени. Заменик гувернерот на провинцијата Хелманд, Мохамад Џан Расулиар, денеска рече дека војниците „испукале минофрлачки гранати кон свадбата, откако милитанти во истата област претходно нападнале воен пункт“. Властите соопштија дека четворица војници, вклучувајќи и еден командант, биле уапсени и изведени пред воен суд. Десетици луѓе продолжија со протестите во провинцијата поради крвопролевањето.

XS
SM
MD
LG