Достапни линкови

Русија покани сириски опозициски лидери на разговори


Илустрација: Сириската национална коалиција.

Илустрација: Сириската национална коалиција.

Русија покани сириски опозициски лидери на разговори овој месец заради договарање средба со претставници на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Ваква покана добиле 28 сириски опозициски лидери. Меѓу поканетите се шефот на Сириската национална коалиција Хади ал-Бахра, како и двајцата поранешни шефови на коалицијата, Моаз ал-Хатиб и Абдел Басет Сида. Опозициската коалиција, која гледа на Русија со сомнеж поради тоа што е главен поддржувач на режимот на Асад, денеска соопшти дека ќе ја разгледа поканата на Генералното собрание во Турција. Владата на Асад соопшти дека е подготвена да учествува на „прелиминарни“ разговори, но соопшти дека тоа треба да го отвори парот за конференција во Сирија. Во граѓанската војна во земјата која почна во 2011 година досега загинаа повеќе од 200 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG