Достапни линкови

Откриени уште 20 тела од паднатиот авион на ЕрЕјжа


Спасувачите открија уште 20 тела во морето во близина на Индонезија, каде што на 28 декември се урна авионот на ЕрЕјжа со 162 патници и членови на екипажот. Досега е потврдена смртта на 30 патници. Спасувачите ги бараат и црните кутии од авионот. Во потрагата учествуваат бродови од Индонезија, Малезија, Сингапур и САД, но таа е отежната од монсунските дождови. Останува непознато што го предизвикало уривањето на авионот. Пилотот контактирал со контролата на летање да соопшти дека се приближува до опасни облаци, но не му било дозволено да ја зголеми висината поради густиот воздушен сообраќај.

XS
SM
MD
LG