Достапни линкови

Украинска телевизија пред затворање поради емитување руски концерт


Пејачот и пратеник Јосиф Кобзон(десно).

Пејачот и пратеник Јосиф Кобзон(десно).

Најголемиот телевизиски канал во Украина е под закана за затворање, откако емитуваше новогодишен концерт на руски пејачи кои јавно ги поддржаа сепаратистите во источна Украина. Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Олександр Турчинов, го повика Националниот совет за телевизија и радио веднаш да ја разгледа можноста за одземање на лиценцата на ТВ Интер. Турчинов ја обвини телевизијата за „дејствување против украинската држава“ со емитувањето на руски пејачи кои ја навредиле Украина „со поддршката на терористите и поздравувањето на одземањето на Крим и Донбас“. Во делови на концертот се исмеваат западните санкции против Русија поради нејзината вмешаност во конфликтот во источна Украина.

Украинскиот министер за информациска политика, Јуриј Стетс, соопшти дека планира да предложи закон според кој ќе биде забрането емитување на руските изведувачи во Украина.

Новогодишниот концерт бил снимен во Москва. Настапуваат познатиот пејач и пратеник во рускиот парламент кој е прогласен за персона нон грата во Украина, Јосиф Кобзон, како и пејачите Валерија, Олег Газманов и Николај Басков.

XS
SM
MD
LG